Jablotron

Ние создаваме сложени производи што се изненадувачки лесни за употреба

Ние сме меѓународна компанија за технологија. Развиваме иновативни производи од 1990 година. Новите идеи брзо ги трансформираме во функционални производи. Ова е една од причините зошто нашите алармни системи и уредите за паметни домови им помагаат на милиони луѓе низ целиот свет.

Сакам да знам повеќе

David Beneš
Product Director
bg-section-intro-b2b_beds_notext.jpg
David Beneš
Product Director

Ние создаваме сложени производи што се изненадувачки лесни за употреба

30 години

Долгогодишно искуство во развој и производство на паметни алармни системи.

592 вработени

Започнавме како група од четворица, а сега имаме над 590 вработени во групацијата JABLOTRON.

73 држави

Дистрибуираме свои производи низ целиот свет

Историја на компанијата

Започнавме како група од четири ентузијасти, развивајќи електроника во поткровјето на една обична куќа во Јаблонец над Нисоу. Од каде прераснавме во компанија, која произведува паметни алармни системи со обрт од милијарди и светско влијание. Погледнете го нашето патување.

1990
Основање на JABLOTRON, s.r.o. (Ltd)
1991
Прва алармна централа – the CJ-91
1994
Првиот алармен систем - JABLOTRON 50
1997
JABLOTRON 60 (Profi) алармен систем
2002
NANNY монитор за дишење
2007
JABLOTRON 80 (Oasis) алармен систем
2010
GSM Мини аларм AZOR
2011
Services of the Security Centre
2011
MyJABLOTRON апликација
2012
JABLOTRON 100 паметни алармни системи
2016
MyJABLOTRON го користат повеќе од 100 000 корисници
2017
IP камери
2019
JABLOTRON 100+ паметни алармни системи
2021
402 000 уреди поврзани на MyJABLOTRON

Ние сме дел од JABLOTRON групацијата

Заедно со 21 други компании, ја формираме JABLOTRON групацијата. Ние сме независни, но сепак тесно соработуваме со останатите членки од групацијата.

Ние сме поврзани со желбата да бидеме лидери во нашите области, заедно во создавање едноставни и разбирливи производи со користење на врвна технологија.

Пронајдете повеќе за нас на нашата независна  веб-страница: Јablotron Group

Наши вредности

Ние ги креираме и исполнуваме соништата. Тоа се соништа за взаемна соработка, но и да бидат од корист за светот. Тоа се соништа, кои добрите идеи ги претвараат во привлечни производи и услуги. Ние ги следиме едноставните, но цврсти принципи утврдени од основачот Dalibor Dědek.

Веруваме во корпоративна одговорност.

Набавивме опрема за болницата во Јаблонец и купивме планински ливади за да ги спасиме од претворање во урбанизирани населби.

Секој успешен производ има дел од душата на неговиот творец.

Ние им веруваме на нашите производи. Поради тоа, пост продажната услуга е бесплатна, до кога производот трае.

Да се биде фер е основниот клуч за задоволството.

Затоа ja поддржуваме фондацијата против корупцијата од 2012 година.

Најдобра мотивација за нашите вработени и партнери е нивната успешна самореализација.

Една од причините е, што повеќе од половина од вработените во Jablotron се со нас повеќе од 10 години.

Паметно е да бидеш скромен дури и како менаџер или пак сопственик на успешна компанија.

Dalibor Dědek сeуште живее на планинита Јизера, хоби му е крос-кантри скијање, а негова омилена храна е кнедли од компири со семки од маак.

Ние создаваме сложени производи што се изненадувачки лесни за употреба.

Затоа JABLOTRON 100+ паметниот алармен системи, може да го користат/управуваат дури и деца.

Затоа секогаш имаме на ум, дека, среќата е клучот за задоволството.

Систем за управување и политика за квалитет

Искрениот интерес за клиентот за нас е суштински и го постигнуваме преку бескомпромисниот систем за управување со квалитет.
Ги исполнуваме сите услови на строгите светски сертификати, што ни ја отвораат вратата на светскиот пазар.

ico-certifikat-iso.png

Имаме сертификат за систем за управување со квалитет согласно ISO 9001:2015 за развој, производство и продажба на електронски алармни системи и сертификат за систем за управување со квалитет според ISO 13485:2016 за развој, производство и продажба на активни медицински не-имплатабилни уреди.

ico-certifikat-cloud.png

Се обврзавме кон нашите клиенти и применуваме строги правила и најдобри практики за да обезбедиме максимална безбедност на податоците и информациите. 

ico-certifikat-check.png

Принципите на нашата политика за квалитет ги собира на една страница. Колку се појасни, толку е полесно да се придржуваме до нив. Политиката опфаќа постојана иновација на нашите производи и услуги, систематско собирање на желбите и барањата на нашите клиенти, како и начин што подобро да се грижиме за нашата мрежа на деловни партнери.

ico-jak-si-stojime.png

Економски податоци

Растеме експоненцијално.

Погледнете ги нашите најнови економски показатели и доколку сакате да добиете повеќе информации, Ве молиме контактирајте не на контактната адреса од медиа центарот.

Годишен обрт за 2021 година 3,37 милијарди Чешки круни (CZK)
Број на вработени во 2021 година 592
Број на компании членки во нашата групација 21
ico-pro-media.png

Медиа центар

Преземања за лого-а, официјални фотографии и други материјали. Доколку сте заинтересирани за интервју, конкретни информации или други записи или податоци, Ве молиме контактирајте не на media@jablotron.cz.

Графички материјали

Економски податоци

Годишен обрт за 2021 година 3,37 милијарди Чешки круни (CZK)
Број на вработени во 2021 година 592
Број на компании членки во нашата групација 21